За Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов бил роден на 14 август 1868 во с.Богомила-Велешко,а починал на 1 јануари 1941 година во Софија-Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Македонската Револуционерна Организација.

За патронот на училиштето

За Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов бил роден на 14 август 1868 во с.Богомила-Велешко,а починал на 1 јануари 1941 година во Софија-Бугарија.Тој е еден од основоположниците на Македонската Револуционерна Организација ,член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“.Тој е познат како еден од најголемите борци за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.
Своето образование го стекнал на повеќе локации како Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на филозофско-историскиот факултет заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров.

ЗА ПАТРОНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

„Млада македонска книжевна дружина”

Меѓу нив во 1892 година созреала идејата за создавање “Млада македонска книжевна дружина” која го издавала списанието “Лоза”.

Арсов бил поставен за главен редактор на весникот Лоза, официјален орган на Лозарите. Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ На Мокров, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за прв пат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К’, Г’, Н’, а се исфрлени двогласните букви:Ъ, Ю, Ь, a гласот Ј е предаден во I.
По растурањето на Младата македонска книжевна дружина и забраната на Лоза, Арсов заминал за Македонија и во есента 1893 година се вработил како професор во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во Солун повторно се сретнал со своите стари познаници меѓу кој и Даме Груев. Во тој период меѓу потесен круг на македонски интелектуалци се појавила идејата за основање на една револуционерна организација, во овие случувања активно зел учество и самиот Поп Арсов. Тој ја прифатил иницијативата и станал еден од шесмината основоположници на Македонската револуционерна организација, и изготвувач на првиот устав на Организацијата.
Останал настрана за време на Илинденското востание, поради апсење по Солунските атентати, (во тоа време дошло до саморастурање на Централниот комитет). Арсов стнал член на ЦК на Внатрешната организација, 1904 год. Учествува во работата на Рилскиот конгрес, 1905 год. и бил избран за задграничен преставник, учествува во дејноста на организацијата се до нејзиниот неформален расцеп.
За време на Првата балканска војна се повлекол во Велес , каде организирал семакедонска конференција, на која заедно со Димитрија Чуповски, бил избран да отпатуваат во Лондон за да го постават – македонското прашање на Мировната конференција, неговиот поглед по во ова прашање го дознаваме од реченицата:Македонија ако ја немаше би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот, но под притисок на српската власт биле разоткриени, Чуповски се вратил во Русија , а Петар под закана за сопствениот живот пребегал во Бугарија.
Во 1920 год. се повлекол од јавниот политички живот и се оженил со учителката од Солунската женска егзархиска гимназија, Христина Начева. Во 1930 год. се преселил во Софија (се претпоставува дека контактирал со Македонскиот литературен кружок), каде останува до крајот на животот.

Работно време

ПОНЕДЕЛНК-ПЕТОК 07:00– 15:00

ТЕЛЕФОН: 02 306 2436

EMAIL: pparsov@yahoo.com

АДРЕСА: „Трифун Бузев“ бр.2 Карпош IV - Скопје

Пишете ни

Ако имате било какви прашања слободно јавете ни се!