Благодарница
Благодарница за ООУ „Петар Поп Арсов“

Благодарница
Благодарница за ООУ „Петар Поп Арсов“
Денес во ООУ Петар Поп Арсов, 54 деветтодделенци креираат еко-производи кои ќе бидат примамливи за идните генерации во рамки на завршниот настан на Еко-кампот за млади претприемачи на општина Карпош.
Кампот се спроведуваше во две фази, во изминатиот период беа одржувани двочасовни работилници со учениците во деветто одделение на територијата на општина Карпош на теми како што се заштита на животната средина преку модели на работење по принципот на кружна економија. Исто така, имаше и конкурс за креативна приказна. Завршниот дел од кампот се одвива денес со работилница од натпреварувачки карактер за тема еколошки производи- производи на иднината кои минимално ќе ја загадуваат животната средина.
Нашиот ученик Филип Стефановски заедно со неговата група го освои првото место.