Во периодот од 26 јануари до 1 февруари 2020 година во Санта Круз – Тенерифе, Шпанија, се одржа обука за наставници како дел од Еразмус+ КА101 проектот ,,Образование за сите” (Education for All) на тема „Креативни методи во образованието на ученици со посебни образовни потреби” (Creative methods in special needs education). На обуката беа присутни 30 учесници од различни земји од Европа. Претставници од нашата земја кои земаа активно учество беа директорката на OОУ„Петар Поп Арсов” Татијана Савеска и уште четири наставници од предметна и одделенска настава – Олгица Бајалџиева, Марија Петкова, Александра Митровска и Гордана Мисајловска. Оваа обука беше наменета за наставници кои се заинтересирани за интеграција и вклучување и употреба на креативни, уметнички и методи засновани на игри во образованието на ученици со посебни образовни потреби. Методологијата се засноваше на теоретски лекции и презентации на примери на добра практика, како и дискусии и споредби на искуства. Обуката се фокусираше на социјални, уметнички и активности засновани врз игри кои го зајакнуваат развојот на факторите за поддршка. Беа презентирани и различни алатки за работа на проекти, играње улоги, симулации, рефлексија и евалуација. Во текот на овие активности учесниците се поврзаа со своите колеги од различни земји, ја подобрија соработката, искуствата и знаењата за подготовка и започнување нови проекти.
Recent Comments