На ООУ„ Петар Поп Арсов“ Карпош Скопје беа донирани лаптопи за учениците кои немаа уреди за следење на онлајн наставата. Донирани се 6 лаптопи кои се целосно во функција за непречено следење на онлајн наставата. Донирани од страна на МАСИТ, MASIT ICT Chamber of Commerce, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi, Центарот за управување со знаење Knowledge Center и АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера Скопје продолжуваат неуморно да дејствуваат во остварување на целта децата од ранливите категории што поскоро да се вклучат во редовната онлајн настава заедно со своите другарчиња врсници.
Recent Comments