Општинско основно училиште ,,Петар Поп Арсов ” – Скопје,

запишува ученици во прво одделение во учебната

2020/2021 година

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на календарската 2020 година ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот/старателот и добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

Уписот ќе се реализира електронски на следната меил адреса: prvacinjaoouppa@yahoo.com

Потребно е да ја пополните Пријавата за упис која може да ја најдете на web страната на училиштето: https://ooupetarpoparsov.edu.mk/

отвори тука ПРИЈАВА

Пријавите да бидат пополнети и доставени електронски најдоцна до 25 мај.

За родителите/ старателите  кои немат можност електронски да ја пополнат пријавата, истата  можат да ја подигнат во печатена форма од училиштето секој работен ден од 9 до 12 часот.

prvacinjaoouppa@yahoo.com

Потребни документи за запишување:

– Извод од матична книга на родените на ученикот копија

– Лична карта од родител – на увид

– Потврда за примени задолжителни вакцини – останува во училиштето –  издадени од надлежната здравствена установа

– Потврда за орално здравје од стоматолог – останува во училиштето – издадени од надлежната здравствена установа Поликлиника Ѓорче Петрова

Документите (потврда за задолжителни вакцини, стоматолошки  преглед) треба да се издадени од надлежната здравствена установа

Документите треба да бидат доставени на денот на тестирањето на Вашето дете. Дополнително ќе бидете известени телефонски за терминот на тестирање кој ќе се реализира во месец јуни.

Директор

М-р Татијана Савеска

РЕОНИЗАЦИЈА

 

 Согласно утврдената РЕОНИЗАЦИЈА на основните училиишта во Општина Карпош во ООУ,,Петар Поп Арсов ” може да се запишуваат ученици кои живеат во реонот кои припаѓа на нашето училиште,односно на улиците:

  • “Партизански одреди” бр. 72а, 74,74а, 76, 78, 80,82,86 и 88
  • “Воденска”,
  • “Невеска”,
  • “Трифун Бузев”,
  • “Соле Стојчев”,
  • “Желево”,
  • “Разловачко востание”,
  • “Волгоградска”,
  • “Никола Парапунов”,
  • “Љубљанска,”
  • “Вич”