(во учебната 2018/2019 година)
А.Критериуми за избор на кандидатите
- Целосна документација која се бара со Конкурсот
- Добро познавање и способност за комуникација на англиски јазик
- Член на e-twinning платформата/вклученост во e-twinning проекти
- Искуство во користење на ИКТ во наставниот процес и во воннаставни активности/проекти
- Способност за тимска работа со ученици и наставници.
Б. Објавување на резултати од Конкурсот
Конечните резултати од Конкурсот и одлука за прифатените наставници, ќе се објави на огласната табла во училишто.
В. Документација за пријавување
- Кратка биографија ( Europass модел)
• Мотивационо писмо
• Копија од сертификати, пофалници, награди.
Поднесување на документите од 21.06.2019година-27.06.2019 година
(5 работни дена).Документите се поднесуваат во архивата на училиштето, со назнака за Еразмус+.
Г. Останато
Избраните кандидати се должни пред заминување и по враќање од странската установа да се придржуваат на пропишаните процедури (за кои ќе бидат информирани) и на училиштето да му ја достави потребната документација. Кандидатите се обврзуваат да учествуваат во вебинари и други виртуелни состаноци со партнерите од проектот, редовно ќе поднесуваат извештаи за реализираните активности, ќе ги применуваат методите,техниките кои ќе ги стекнат во текот на мобилностите и активно ќе учествуваат во дисеминација и евалуација на проектот.
Д. Контакт лица за дополнителни информации
Наставник Катерина Милевска, Наставник Александар Аргировски и
Стручна служба-психолог Светлана Јовевска
Recent Comments