КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

 ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

ООУ „ Петар Поп Арсов “ Карпош Скопје

Член 1

Од редовните ученици што го завршуваат основното образование,(9- одделение), училиштето може да избира ученик што е првенец на генерација.

Член 2

Постапката за избор на првенец на генерација почнува да тече по објавувањето на интерниот конкурс што се истакнува на огласната табла во училиштето.( конкурсот е објавен на веб страната на училиштето https://ooupetarpoparsov.edu.mk/ )

Конкурсот по правило се истакнува во првата недела од месец мај и трае три недели во месец мај.

Член 3

Предлог на ученик -кандидат за првенец на генерација може да даде: раководител на паралелка, предметен наставник, стручен соработник или директор.

Член 4

За првенец на генерација може да се кандидира ученик -поединец.

Член 5

Секој предложен кандидиран ученик е должен до Комисијата за пофалби и награди да донесе пријава и документација предвидена на конкурсот.

( документите ученикот треба да ги достави до одд.раководител )

Член 6

Комисијата за пофалби и награди ја избира Наставничкиот совет на училиштето.

Член 7

Комисијата за пофалби и награди ја разгледува целокупната документација на пријавените кандидати, ги применува одредбите од член 20 и 21 од Правилникот за пофалби, награди и педагошки мерки.  Правилникот, утврдува кандидатска листа за избор на ученик- првенец на генерација со бодовна листа и истата ја доставува до Наставничкиот совет.

Член 8

Одлуката за прогласување на ученик  за  првенец на генерација,  ја донесува Наставничкиот совет на крајот на наставната година.

Член 9

За првенец на генерација може да биде прогласен ученик кој што покажува примерен однос во училиштето и надвор од него: покажува континуиран одличен успех по сите наставни предмети, постигнува успеси на натпревари, активно учествува во слободните ученички активности, покажува активности во работата на ученичките организации, има освоено награди, дипломи, признанија и сл.

Член 10

Секој критериум што го исполнува кандидатот за првенец на генерација, Комисијата за пофалби и награди, го вреднува на следниот начин:

  • Континуирано примерно поведение од 1 до 9 одделение-5 бода;

  • Континуиран одличен успех од 1 до 9 одделение -20 бода;

  • За учество во слободните ученички активности по 2 бода за секоја секција, ако тоа се докаже со соодветен документ, (список на членови на секцијата);

  • За добиени награди, дипломи, пофалници, благодарници или признанија во текот на основното образование, ( од прво до девето одделение).

Ниво на натпревар Прво место Второ место Трето место

Учество

Поеди Екипно Поедин. Екипно Поедин Екипно Поедин Екипно
Училишен натпревар 4 2 3 1,5 2 1 1 0,5
Општински натпревар 7 3,5 6 3 5 2,5 2 1
Градски

регионален

9 4,6 8 4 7 3,5 3 1,5
Државен натпревар 12 6 10 5 9 4,5 4 2
Меѓународен натпр. 20 10 15 7,5 13 6,5 7 3,5

 

За одговорна улога во активностите на одделенската заедница, детската организација, организацијата на Црвениот крст или друга организација на учениците, на ученикот му се доделуваат по 2 бода за активноста во секоја подинечно во која постигнал одредени резултати.

Член 11

Учениникот што е прогласен за првенец на генерација добива посебна диплома, а во зависност од можностите на училиштето и некоја вредна награда. Истата му се врачува на денот на доделување на сведителствата за завршено основно образование.

ООУ „ Петар Поп Арсов“ Карпош