ООУ „ Петар Поп Арсов “ Карпош Скопје
објавува оглас за избор на пренец на генерација
Член 1
Од редовните ученици што го завршуваат основното образование, (9 одделение), училиштето може да избира ученик што е првенец на генерација
Член 2
Постапката за избор на првенец на генерација почнува да тече по објавувањето на интерниот конкурс што се истакнува на огласната табла во училиштето.
Конкурсот по правило се истакнува во првата недела од месец мај и трае три недели во месец мај.
Член 3
Предлог на ученик -кандидат за првенец на генерација може да даде: раководител на паралелка, предметен наставник, стручен соработник и директор или учениците.
Член 4
За првенец на генерација може да се кандидира ученик -поединец.
Член 5
Секој предложен кандидиран ученик е должен до Комисијата за пофалби и награди да донесе пријава и документација предвидена на конкурсот.
Член 6
Комисијата за пофалби и награди ја избира Наставничкиот совет на училиштето
Член 7
Комисијата за пофалби и награди ја разгледува целокупната документација на пријавените кандидати, ги применува одредбите од член 10 и 11 од овој Правилник, утврдува кандидатска листа за избор на ученик- првенец на генерација со бодовна листа и истата ја доставува до Наставничкиот совет.
Член 8
Одлуката за прогласување на ученик за првенец на генерација, ја донесува Наставничкиот совет на крајот на наставната година
Член 9
За првенец на генерација може да биде прогласен ученик кој што покажува примерен однос во училиштето и надвор од него: покажува континуиран одличен успех по сите наставни предмети, постигнува успеси на натпревари, активно учествува во слободните ученички активности, покажува активности во работата на ученичките организации, има освоено награди, дипломи, признанија и сл.
Член 10
Секој критериум што го исполнува кандидатот за првенец на генерација, Комисијата за пофалби и награди, го вреднува на следниот начин:
- Континуирано примерно поведение од 1 до 9 одделение-5 бода;
- Континуиран одличен успех од 1 до 9 одделение 20 бода;
- За учество во слободните ученички активности и учество во организирање на настани во училиштето по 2 бода за секоја активност, ако тоа се докаже со соодветен документ,
- За учество во проекти 5 бода, ако тоа се докаже со соодветен документ,
- За учество во Ученички парламент 5 бода, ако тоа се докаже со соодветен документ,
- За добиени награди, дипломи, пофалници, благодарници или признанија во текот на основното образование, ( од прво до девето одделение).
Ниво на натпревар | Прво место | Второ место | Трето место | Учество | |||||
Поеди | Екипно | Поедин. | Екипно | Поедин | Екипно | Поедин | Екипно | ||
Училишен натпревар | 4 | 2 | 3 | 1,5 | 2 | 1 | 1 | 0,5 | |
Општински натпревар | 7 | 3,5 | 6 | 3 | 5 | 2,5 | 2 | 1 | |
Градски
регионален |
9 | 4,6 | 8 | 4 | 7 | 3,5 | 3 | 1,5 | |
Државен натпревар | 12 | 6 | 10 | 5 | 9 | 4,5 | 4 | 2 | |
Меѓународен натпр. | 20 | 10 | 15 | 7,5 | 13 | 6,5 | 7 | 3,5 | |
За одговорна улога во активностите на одделенската заедница, детската организација, организацијата на Црвениот крст или друга организација на учениците, на ученикот му се доделуваат по 2 бода за активноста во секоја подинечно во која постигнал одредени резултати.
Член 11
Учениникот што е прогласен за првенец на генерација добива посебна диплома, а во зависност од можностите на училиштето и некоја вредна награда. Истата му се врачува на денот на доделување на сведителствата за завршено основно образование.
Recent Comments