ПОТВРДИТЕ ЗА РЕДОВЕН  УЧЕНИК  – ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

      Во периодот на прекин на воспитно – образовниот процес, работното време на сите градинки и основни училишта во Карпош е скратено и е од 09:00 до 12:00 часот, секој работен ден.

Како резултат на мерките на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширење на коронавирусот, воведени се РОТАЦИОНИ ДЕЖУРСТВА во овие воспитно-образовни установи.

Потврдите за редовен ученик во училиште и редовно посетување на предучилишна установа (градинка) можат да им се издадат на родителите по електронски пат или со посета на установите.

Апелираме до родителите или старателите, повеќе да испраќаат електронски барања на   e-maili pparsov@yahoo.com  адресата на основното училиште, по што возвратно ќе им се испрати скенирана потврда. Целта е да се намали физичкиот контакт и да не се создава поголем метеж во овие институции.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

од ООУ „ Петар Поп Арсов “ Карпош Скопје

 

         Се известуват родителите/старателите дека според последните насоки дадени од Владата на Репиблика Северна Македонија се прекинува воспитно образовниот процес во основното образование во наредните 14 дена.

         Соопштението со препораки можете да го прочитате на следниот линк https://vlada.mk.model/20446

Скопје 10.03.2020год.

 

 

Институциите се подготвени за справување со Коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци:

• Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

• За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.

• Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.

• Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена. Повеќе информации за степенот на ризик на земјите за патување, можете да најдете на следниот линк.

• Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

• Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

• Хронични респираторни заболувања;
• Тешки кардиоваскуларни заболувања;
• Дијабет – ТИП1;
• Малигни заболувања; и
• Имуно-компромитирачки состојби.

Линк до образецот за изјавата за користење платено отсуство како резултат на мерките против корона вирусот