Упис на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024год

 

 

ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ МАЈ ВО ООУ,,Петар Поп Арсов ,, ЗАПОЧНУВА”

УПИС  НА   ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОД.

Согласно член 47 од Законот за основно образование, во прво одделение родителот  е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години и  по ислучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари 2023 година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагошката служба во училиштето.

ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

  • Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна установа.

  • Медицинска белешка за извршен стоматолошки преглед издадена од здраствен дом Ѓорче Петров

  • Потврда за извршен офталмолошки преглед од надлежна државна установа

  • Фотокопија од Извод од матична книга на родените за детето.

  • Доказ за место на живеење

Уписот ќе се врши во просториите на ООУ „Петар Поп Арсов”со претходно закажување

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА!!!

Согласно утврдената РЕОНИЗАЦИЈА на основните училиишта во Општина Карпош во ООУ,,Петар Поп Арсов ” може да се запишуваат дечињата кои живеат во реонот кои припаѓа на нашето училиште,односно на улиците:

  • “Партизански одреди” бр. 72а, 74,74а, 76, 78, 80,82,86 и 88

  • “Воденска”,

  • “Невеска”,

  • “Трифун Бузев”,

  • “Соле Стојчев”,

  • “Желево”,

  • “Разловачко востание”,

  • “Волгоградска”,

  • “Никола Парапунов”,

  • “Љубљанска,”

  • “Вич”

ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ БЕЗ ПРЕТХОДНО ЗАКАЖАН ТЕРМИН ЗА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА ОД КАРПОШ

Започнувајќи од идниот понеделник (24.04.2023), карпошани чии деца треба да се запишат во прво одделение во  учебната 2023/2024 година, ќе можат да ги однесат своите најмлади на задолжителените офталмолошки и стоматолошки прегледи во Поликлиниката „Букурешт“, без обврска претходно да резервираат термин за таа намена. Оваа иницијатива ќе трае во текот на целата работна седмица, односно до сабота (29.04.2023), со тоа што од понеделник до петок, здравствените прегледи ќе се одвиваат од 14 до 18 часот, додека пак во сабота, прегледите ќе се извршуваат од 8 часот наутро до 14 часот попладне.