КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ ОБУКИ И СЕМИНАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ПРИ ООУ„ ПЕТАР ПОП АРСОВ“

Почитувани ученици и родители/старатели на ученици во ООУ „ Петар Поп Арсов“ Карпош-Скопје

ООУ„ Петар Поп Арсов“ Карпош – Скопје во учебната 2019/2020 година, во рамките на програмата Еразмус+ клучна акција КА 229 и КА 201  реализира проекти за стратешки партнерства за размена на добри практики во училишното образование, кои во своите предвидени активности вклучуваат краткорочни размени (обуки) за ученици.

Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат за учество на една од претстојните обуки во рамките на проектите од програмата Еразмус+ за учебната 2019/2020 година.

Сите заинтересирани ученици може да го пополнат Формуларот за аплицирање само еднаш, најдоцна до 7.10.2019 година.

КРИТЕРИУМИ:

  1. Примерно поведение
  2. Одлично познавање на англискиот јазик/ германски јазик ( преку тест кој го спроведуваат наставници по соодветниот предмет )
  3. Одличен успех
  4. Учество во воннаставните активности на училиштето
  5. Освоени награди, дипломи, пофалници и благодарници
  6. Мотивациско писмо (Зошто јас да го претставувам училиштето во овој проект?)
  7. ИНТЕРВЈУ спроведено од Училишната комисија за проектите од Еразмус+
  8. Способност за тимска работа

Некомплетен формулар за аплицирање и документација нема да биде предмет на разгледување.