Предизвик за млади истражувачи
ООУ „Петар Поп Арсов” учествуваше на свечениот настан „Предизвикот за млади истражувачи“ кој се одржа во Влада на Република Македонија на 9 јуни 2018 година

Целта на настанот беше доделување на награди на најуспешните истражувачки проекти во рамки на Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември 2017 година до 15 февруари 2018 година, Сите училишта учесници добија сертификати за успешно учество на предизвикот, но само 20 основни и средни училишта меѓу кои и нашето училиште, беа наградени и чиишто истражувачки проекти се одобрени за финансирање од Фонд за иновации и технолошки развој.
Доделување на награди
Предизвик за млади истражувачи
ООУ „Петар Поп Арсов” учествуваше на свечениот настан „Предизвикот за млади истражувачи“ кој се одржа во Влада на Република Македонија на 9 јуни 2018 година со почеток во 12:00 часот.

Нашето училиште учествуваше со проектот „Антибактериска активност на екстракт од лук на соеви на Staphylococcus aureus изолирани од кожата на деца од училишна возраст”.Тимот на ООУ„Петар Поп Арсов“ го сочинуваат учениците: Дориса Земон, Ива Бајалџиева, Андреј Мелоски и Миха Ѓоргон заедно со менторот Олгица Бајалџиева наставник по биологија
На настанот се обратија:
Претседателот на Влада на Република Македонија г-дин Зоран Заев,
Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми и
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој г-дин Јован Деспотовски.
https://www.facebook.com/fondzainovacii/photos/gm.577443385960255/750319891804974/?type=3