Потребни документи за упис на прваче

Согласно член 60, став (2) од Законот за основно образование („Службен весник на РСМ“ бр. 161/2019), за упис на прваче се потребни следните документи:

  • копија од Извод од матична книга на родени,
  • потврда за примени задолжителни вакцини, издадена од надлежна здравствена институција,
  • потврда од стоматолог (издадена од Поликлиника Ѓорче Петров),
  • потврда за офтамолошки преглед, издадена од надлежна здравствена институција,
  • копија од лична карта од родител/старател или документ за закуп или доказ за сопственост на недвижен имот, како потврда за место на живеење во реонот на училиштето

Законска регулатива за упис на прваче во основно училиште

Согласно позитивните законски прописи, родителот/старателот е должен да го запише детето во прво одделение, доколку до крајот на календарската година наполни 6 (шест) години. Детето може да биде запишано во прво одделение и доколку наврши 6 (шест) години, заклучно со 31 јануари 2023 година, по претходно барање на родителот/стрателот и стручно мислење од педагогот/психологот на училиштето.

Реонизација на училиштата согласно Одлука на Советот на Општина Карпош

Согласно член 2 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош, донесена на осмата седница на Советот на Општина Карпош, одржана на 20.4.2022 година, при упис на првачиња, родителот/старателот е должен да достави:

  • документ за идентификација постар од 18 месеци од денот на издавање на личниот документ, до денот на запишување на детето, со адреса на живеење од реонот на училиштето, или
  • доколку документот е понов од 18 месеци, родителот/старателот треба да достави доказ за сопственост (имотен лист за недвижноста) или писмен доказ (уплатница) за стекнување со право на сопственост на недвижен имот (стан/куќа), дека постапката на купување на недвижен имот е во тек, или
  • доколку родителот/старателот нема недвижен имот во лична сопственост, со адреса на живеење од реонот каде што припаѓа училиштето, а живее во реонот, во закупена недвижност, потребно е да достави договор за закуп, во форма на исправа, врз основа на која е регулирана даночната обврска за плаќање на данок, односно доказ дека договорот за закуп е уредно пријавен во Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и задолжително да поседува личен документ за идентификација со пребивалиште (адреса за привремен престој) од реонот на уличиштето.

Согласно член 63, став (5) од Законот за основно образование („Службен весник на РСМ“ бр. 161/2019), основачот го утврдува реонот на основните училишта за запишување на учениците, според кој, реонот на ООУ „Петар Поп Арсов“ ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 4, што се простира на исток до ул. „Љубљанска“, на север до Бул. „Илинден“, на југ до Бул. „Партизански одреди“ и на запад до реката Вардар. Учениците од прво до девето одделение, од овој реон, се запишуваат во ООУ „Петар Поп Арсов“. На овој реон припаѓаат следните улици:

  • Бул. „Партизански одреди“ бр. 72А, 74, 74А, 76, 78,80, 82, 86, 88
  • ул. „Воденска“
  • ул. „Невеска“
  • ул. „Трифун Бузев“
  • ул. „Ѕоле Стојчев“
  • ул. „Желево“
  • ул. „Разловечко востание“
  • ул. „Волгоградска“
  • ул. „Никола Парапунов“
  • ул. „Вич“

Согласно член 14 од Одлуката на Советот на Општина Карпош, општинското основно училиште може да запише ученици од друг реон или друга општина, доколку има слободни места за запишување.

Напомена:

Запишувањето на првачиња ќе се врши со претходно закажување во училиштето!