Светскиот ден на чистење
Во пресрет на Светскиот ден на чистење 15- ти септември ООУ „Петар Поп Арсов”-Скопје, преку вклучување во Националната акција за чистење на отпад зема учество со ангажирање на учениците,вработените и родителите.

За кратко време беа отсранети поголемо количество отпаден материјал, и тоа предизвика задоволство особено кај учениците од сите возрасти. Како резултат на тоа тие искажаа подготвеност повторно да се изведе ваква акција, бидејќи тоа е во интерес на сите, и на тој начин се развива поголема свест за чување и заштита на средината во која учиме и работиме.
Pосебно голема благодарност им упативме на родителите на учениците од прво два одделение кои самоиницијативно се вклучија во акцијата заедно со најмалие ученици во нашето училиште.
Чистата и здрава средина е во интерес на сите нас, а учениците трреба да се поттикнуваат да ја чуваат природата и животната средина, да ја чистат, а заедничките акции се стимулативни и позитивни за сите.
15- ти септември
Светскиот ден на чистење
Во пресрет на Светскиот ден на чистење 15- ти септември ООУ „Петар Поп Арсов”-Скопје, преку вклучување во Националната акција за чистење на отпад зема учество со ангажирање на учениците,вработените и родителите. На чело на акцијата стоеше еколошката секција предводена од наставниците од природниот актив.
