Врз основа на член 60 од Законот за основно образование- Службен весник на РСМ бр. 161 од 05.08.2019 година.

                                                                      ООУ ,,Петар Поп Арсов” – Скопје

                                                                                       ИЗВЕСТУВАЊЕ

                                  за запишување ученици во прво одделение во учебната 2021/2022год.

  1. Запишување на ученици во прво одделение:

– деца родени 2015год. односно кои до крајот на календарската 2021 година ќе наполнат 6 години,

– деца кои до 31 јануари 2022 година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

  1. Децата во прво одделение во основно училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година.

  2. При запишување на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен за своето дете да ја обезбеди следната документација

Потребни документи

– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето (оригинал документ).

– Потврда од стоматолошки преглед од поликлиника Ѓорче Петров (оригинал документ).

– Потврда од офталмолог (оригинал документ).

– Извод од матична на родените (фотокопија).

– Лична карта на еден од родителите/старателите (фотокопија).

– За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот односно старателот е должен да достави и мислење/ функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ (оргинален документ)

Согласно укажувањата од МОН, имајќи ја во предвид светската пандемија документите од стоматолог и офтамолог родителот/старателот може да ги донесе и пред почетокот на новата учебна 2021/2022 година, во тој случај да приложи упат за вршење на преглед.

Пријавувањето може да се врши:

  • со печатена пријава од училиштето

Телефон за контакт: 02 306 2436

Протокол за упис на првачиња https://mon.gov.mk/stored/document/Protokol_osnovno.pdf