Schoolovision

Соединувањето на децата од Европа и пошироко со помош на песната и нејзиниот универзален јазик.
СОЕДИНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА СО ПОМОШ НА ПЕСНАТА

Schoolovision

Соединувањето на децата од Европа и пошироко со помош на песната и нејзиниот универзален јазик е можност што ја дава Schoolovision преку проектот eTwinning. По моделот за натпревар за песна на Евровизија, повторно едно училиште од земјата ќе има можност да учествува со тоа што ќе сними и прати песна по слободен избор. Во исто време ова е можност сите учесници во проектот да ги гледат песните и на другите земји кои учествуват. Потоа според пропозициите на натпреварот, секоја земја ќе треба да гласа за песните кои им оставиле најсилен впечаток, а се разбира гласањето за својата песне не е дозволено.

Schoolovision е добитник на меѓународни и национални признанија за квалитет од покровителство на eTwinning .

Оваа година е десетгодишен јубилеј од забавно и распеано партнерство како дел и проект на eTwinning . Овој проект всушност е најдолг  во своето опстојување во рамките на оваа програма.

Нашата замја како учесничка се јавува втор пат. Лани, нашиот претставник го освои шестото место во конкуренција од 32 земји учеснички.  Охрабрени од минатогодишниот успех годинава испраќаме песна со силна општочовечка порака. Се надеваме дека Европа ќе го препознае квалитетот и ќе победи најдобриот. Јазикот на музиката е универзален и ги соединува сите убави работи заедно. Среќно ПЕТАР ПОП АРСОВ!